HomeLajme / Вести

Што се случува со Мерко, скоро 2 месеци го бојкотира работното место?!

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко веќе со недели не е редовен на работното место, дознава VOX Струга.
Нашите информации говорат дека повеќе од два месеци, Мерко не се појавува редовно во работното место, често е отсутен, а се јавува само во итни случаи, а тоа и не трае долго.
Извори на VOX Струга велат дека дури и за потпишување на документи, на Мерко му ги носат дома или во некој ресторант каде се наоѓа во тој момент.

Што го мачи градоначалникот на Струга?

Да се биде на брвот на една општина не е лесно. Големите ветувања дадени во предизборната кампања тешко можат да се остварат. Претходно во пресрет на бројните закани, Мерко испрати писмо до премиерот Заев, кој најави дека ги делегира сите надлежности од областа на урбанизмот.

Иако ова не е можно според законот, за многумина се сметаше за слабост и неможност за владеење со надлежностите на локалната самоуправа.

Опозицијата во Струга бараше оставка од Мерко, со образложение дека градоначалникот на Струга го изгубил кредибилитетот и способноста да ја води Општина Струга, пренесува VOX Струга.

Но, што навистина се случува со Рамиз Мерко?

Дали продолжуваат заканите против него?

Дали ќе го носи до крајот мандатот за градоначалник?

Ова останува да се потврди во наредните недели.

Инаку, ова е трет мандат на Рамиз Мерко како градоначалник на Општина Струга. Првите две мандати ги изврши од 2005 до 2013 година. Како што се вели од страна на вработените, во првите два мандати строго го почитувал работниот распоред. Никогаш не отсуствувал без потреба. /VOX Struga/