HomeKulturë / КултураLajme / Вести

“Ноќ да Блеснеш“ / Гала Вечер за луѓето со посебни потреби

Евангелска Црква Охрид го организира настанот
“Ноќ да Блеснеш“ Гала Вечер
за луѓето со посебни потреби спонзорирано од
Фондацијата Tim Tebow
Охрид, 03.02.2020 – Евангелска Црква Охрид ги известува сите заинтересирани
медиуми, дека ќе го одржи овој настан како дел од _800 цркви на светско
ниво, регистрирани да бидат организатори на “Ноќ да Блеснеш“ 2020 година во
хотел “Фантазија” во Струга, спонзорирано од Фондацијата Tim Tebow. Овој настан
ќе биде организиран преку локални цркви низ целиот свет истовремено во петок,
7 Февруари 2020. “Ноќ да Блеснеш” е незаборавна гала вечер, базирана на
Божјата љубов, за луѓе со посебни потреби постари од 14 години. Евангелска
Црква е почестена да биде дел од ова светско движење кое ги обединува
христијанските црквите од различни деноминации низ целиот свет со заедничка
цел да ги валоризираат луѓето со посебни потреби
Секој гостин на “Ноќ да Блеснеш” Гала Вечерта ќе помине на црвениот тепих
исполнет со топло добредојде од нивните најблиски, пријателска група на луѓе и
фотографи. На ова ќе претходи професионален третман на разубавување на
специјалните гости, што вклучува третман на коса и шминка, станица за блескање
на чевли, врзување цвет на рацете на девојките, како и партнер-волонтер за
време на вечерта. Потоа ќе следи пригодна вечера и забава за сите присутни на
подиумот за танцување со диџеј, каде исто така ќе настапат Кристина Арнаудова,
Ѓумтар Рушани (Guximtar Rushani), групата Тора и многу други. Вечерта ќе заврши
со моментот на крунисување на секој од специјалните гости за крал или кралица
на вечерта.
“Голема инспирација е да се види како Господ ја користи Црквата низ светот да
застане и да се застапува за луѓето со посебни потреби. Јас искрено верувам
дека светот се собира заедно преку “Ноќ да Блеснеш” за да ја прослави љубовта
која Бог ја има за нас! Секој град, секое село, секоја област, секоја држава има
потреба од “Ноќ да Блеснеш” за нивната заедница со посебни потреби – прилика
да се биде дел од нешто толку значајно и толку возвишено … и низ тој процес да
бидеш благословен/а” – ќе каже Тим Тибоу, основачот на Фондацијата Tim Tebow