Насловнавести / Вести

Не 35, туку за 5 години ќе се изградат Коридорите 8 и 10 г

Изградба на автопат по Коридорот 8 и дел од Коридорот 10, но за 5 години наместо за 35 години, како што истакна министерот за транспорт, е можно со партнерите што ги избра владата , компанијата Бехтел и Енка и фирмите за консултации и надзор. Дека нема непознаници во договорите, како што тврди опозицијата но и одредени медиуми, министерот Благој Бочварски и директорот на јавното претпријатие Ејуп Рустеми, пред новинарите ја приложија документацијата за овие зделки.

Договорот со американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енкадокажана компанија за изградба на автопатишта во регионот, владата го потпиша пред 5 дена, но сомнежите дека се работи за „матна зделка“ останаа. За да ги расветлат деталите, министерот за транспорт Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни Патишта, Ејуп Рустеми пред новинарите ја отворија документацијата.