HomeLajme / Вести

ВМРО ќе слави во Ташмаруништа, доаѓа и Мицкоски

Почитyвани,

Во пресрет на големиот празник Илинден, утре на 2.08.2019 година во село Ташмаруништа, на наша огромна чест и задоволство, ќе присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој ќе се обрати до сите граѓани и ќе одржи говор, во чест на паднатите борци за нашата татковина.

Би сакале да ве поканиме, да дојдете во што поголем број, и да го одбележиме Илинден, онака како што и доликува на нашата татковина, со сета почит и восхит за најхрабрите, за оние кои безрезервно го положија животот за Република Македонија!

Нека ни е вечна и честита Република Македонија!

Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга