HomeLajme / Вести

Советничката на Алијанса за Албанците ја обвинува локалната власт: Со кое лице ќе барате гласови во село каде што неколку месеци нема вода

Советничката на Алијанса за Албанците во Струга, Јасмина Цаноска ја обвинува локалната власт затоа што не прави ништо за да го среди проблемот со водата во Октиси.

“Секоја седница на Советот на Општина Струга пренесувам загриженост на жителите од Октиси за проблемот со водата. Се надевам мојот разговор на денешната седница нема да заврши во глуво уво како досега и ќе се преземаат мерки за решавање на овој проблем.
Никој од компетентните во општина, ниеден од коалицијата ДУИ-СДСМ-ПЕИ не е заинтересиран за ситиацијата со вода во Октиси.
Пред гласање идевте, ветувавте дека сите проблеми ќе ги решите, поминаа две години што коалицијата владее во општината а ниеден не е дојден да праша како се живее во Октиси. Директорот од Проаква во Октиси не го интересира проблемот, не бара помош за решавање на проблемот, ако не може да го води претпријатието нека даде отказ.
Со кое лице ќе барате гласови во село каде што неколку месеци нема вода”, обвинува Јасмина Цаноска, советничка на Алијансата во Струга./voxstruga.mk/