Насловнавести / Вестиград / град

Пријави за Рамиз Мерко, Армен Арслани, Дашмир Насуфи, Икмет Ислами – Фиктивни вработувања и асфалтирања без тендер

Алијанса на Албанците поднесе пријави против кандидатот и градоначалник на Општина Струга од ДУИ, Рамиз Мерко и други функционери за прекршување на Избирниот законик, поткуп и масовно вработување во предизбоната кампања.

Сурија Рашиди , шеф на изборниот штаб на Алијанса за Албанците во Струга денеска на прес – конференција информира дека пријави се пуштени до Основното јавно обвинителство, Државната изборна комисијат и Државната комисија за спречување корупција покрај за актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од ДУИ, Мерко и за директорите на болницата во Струга, на Неврологија, на градинката „8 Март” и на јавните претпријатија „Водовод и канализација” и „Комунално”.

- Правниот тим на Алијанса на албанците забележа масовно прекршување на Изборниот законик, масовни градежни активности, асвалтирање улици во сите населени места во Струга, со неквалитетен асвалт и со огромни финансиски малверзации, без документација. Се соочуваме со масовно вработување од локалните и централните институции без никаков критериум и документ со фиктивни или усни договори, обивини Рашиди .

Очекува институциите да делуваат и после изборите на 17 Октомври, прекршителите да одговараат.

– Апел до граѓаните да не подлегнуваат на купување на нивната воља и прекршителите да ги казнат на 17 Октомври, Нагласи Рашид .

Извор: МИА