HomeLajme / ВестиRrethina / Околина

Приведен стружанец баран со потерница

Вчера во 08.45 часот во село Лабуништа, струшко, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга и полициското одделение од струшкото село Велешта го приведоа М.С.(49) од село Лабуништа. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот суд во Струга за издржување затворска казна.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.