вести / Вести

Полицијата пронашла мрежи близу Калишта

Во периодот од 22.00 часот на 07.06 до 04.00 часот на 08.06.2020, во заедничка акција на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Охридско eзеро“ и службени лица од Државниот инспекторат за земјоделство, при контрола во водите на Охридско Езеро, наспроти с.Калиште, струшко, на околу 1 км од брегот, пронашле повеќе рибарски мрежи со улов од риба, кои се подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.