HomeSport / Спорт

Неверојатен викенд за Џудо Клуб Дрим – 20 медали донесени во Струга

Неверојатен викенд за нашиот џудо клуб!
20 медали донесени во Струга

Нашите млади џудисти заблескаа на Државното првенство за “Деца” и “Кадети”, освојувајќи вкупно 16 медали, и 4 медали на меѓународниот натпревар во Ниш Р. Србија.

Во категорија “Деца” освоивме 4 златни, 5 сребрени и 3 бронзани покажувајќи го својот талент и одлучност.

Во категоријата Кадети имајќи во предвид дека иако најголемиот дел од нашите џудисти кој настапија беа една категорија помлади (пионери) сите го даваа својот максимумот против жестоката конкуренција, и нивниот труд беше за пофалба, освојувајќи 2 сребрени и 3 бронзени медали, што го прави нивниот успех уште по импресивен!

На меѓународната сцена во Ниш, Србија, нашите џудо шампиони со стопроцентен учинок го крунисаа и така успешниот ден освојувајќи 2 златни и 2 бронзани медали.

Големи честитки на нашите џудисти за нивните извонредни резултати! Како и благодарност за целото посветено џудо семејство наречено ЏК Дрим Струга.

Иднината за нас е светла и загарантирана, и сме горди да продолжиме по тој пат сите заедно.