Kulturë / Култура

Лутината

Лутината

Денес го поминав денот со

залудни замисли…

Разговарав со ѕидот,

ме слушаше со презир

и не зборуваше.

Слепилото од гневот,

и недостигот на спокојството,

ми помогнаа да го најдам мирот.

Одмана,

сме избагале од рационалното…

Конфузни мисли,

зголемени недоразбирања,

матни работи!

Треба ли да се јаде гневот,

со леб и сирење?!

Добре де ќе го јадеш дење,

а кога ќе снема светлина?!

Не се џвакаат бесконечно,

лутината и мрачноста,

клоците и отровот,

од нечесните!

© Xhemi Hajredini