HomeNEWS / newsThe town / city

Inspectorate: Online teaching in Struga schools is illegal

Online teaching in the "Brača Miladinovci" elementary school in Struga is conducted against the law, утврдила вонредната инспекција на Државниот просветен инспекторат. Инсекторите излегоа на терен по прилогот на Алсат, дека повеќе од 650 ученици од шестто до деветто одделение од почетокот на второто полугодие, следат онлајн настава, поради реконструкција на училишната зграда. Училиштата имаат рок од 8 дена да се вратат на физичка настава.

„По извршен инспекциски надзор од страна на ДПИ за констатирање на фактичката состојба околу изведувањето на воспитно образовниот процес во ООУ “Браќа Миладиновци” – Струга, поради реконструкција на училиштето и недостигот на соодветни услови, за учениците од шестто до деветто одделение наставата се одржува преку учење на далечина односно онлајн што е спротивно на член 50-а став 1 од ЗОО. За констатираната неправилност ќе се донесе РЕШЕНИЕ за отстранување на утврдените неправилности“, велат од Државниот просветен инспекторат.

Зошто училиштето се реновира во текот на учебната година надлежните не сакаат да зборуваат, но мали се шансите реконструкцијата да заврши во дадениот рок од инспекторатот. Родителите негодуваат на одлуката на училиштето.

„Навистина ситуацијата е скандалозна.Бев случајно внатре но не е соодветно време за да се изведуваат работите сега поради фактот што нашите деца губат многу“, вели Миљот Ризвани, parent.

Директорката на Браќа Миладиновци, Албана Жута, ни рече дека не сакала да зборува со медиуми.Од Министерството за образование се дистанцираат од одлуката за онлајн настава.

„Општините и училиштата кои се под нивна надлежност се одговорни за организирање на воспитно – образовниот процес.Така што, МОН не издава согласности за организирање на онлајн настава. Оваа форма на настава може да се организира само во услови на вонредна состојба и тоа со одлука од страна на Владата“, наведуваат од Министерството за образование.

Во училиштето во селото Враништа, каде исто така се изведуваше онлајн настава,учениците се вратија во училишните клупи.

By Miki Trajkovski – ALSAT