Denoncimi juaj / Ваша пријаваHomeLajme / ВестиQyteti / ГрадRrethina / Околина

Идри Истрефи обелодинува мега-скандал на Рамиз Мерко, Армен Кадриу и компанијата СИТИ ЛАЈТ


Целосна изјава на Идри Истрефи

Почитувани граѓани,
Денес пред вас пријавуваме еден од најголемите корупциски скандали направени од страна на Рамиз Мерко и неговите блиски. Станува збор за изнуда и кражба на милиони евра од Буџетот на граѓаните на Струга од страна на двојката Рамиз Мерко – Армен Кадриу. Ова манипулирање трае веќе неколку години преку една сомнителна концесија со многу законски прекршувања а склучена во вториот мандат на Рамиз Мерко помеѓу општина Струга и приватната фирма за јавно осветлување СИТИ ЛАЈТ. Оваа фирма за одржување на јавното осветлување добива милиони евра од Буџетот на Струга, од буџетот на нашите семејства.


Многумина во Струга се сомневаат во вистинските сопственици на оваа фирма, а ние сме тука за да го докажеме тоа со факти. Милионите што општина Струга и ги дава на оваа компанија одат директно во џебовите на Рамиз Мерко и Армен Кадриу а за тоа сведочат десетиците банкарски трансакции кои што ние ги обезбедивме и кои ќе ги предадеме на сите медиуми во државата. Ќе им доставиме податоци за датумите, износот и субјектите на трансакциите, но не и оригиналните записи, бидејќи сакаме да ја осигураме безбедноста на изворот. За сите овие трансакции се известени Јавното обвинителство и Финансиската полиција, а за нивното нереагирање ќе треба сами да одговорат.

Милиони евра од СИТИЛАЈТ се уплатени на приватната сметка на Армен Кадриу и неговото семејство и на сметката на ПРИВАТНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА РАМИЗ МЕРКО. Овие трансакции најдобро ја докажуваат поврзаноста на кланот МЕРКО – КАДРИУ со фирмата СИТИЛАЈТ како и кражбата која секојдневно ни се случува. За да биде скандалот уште поголем, Владата на Северна Македонија во текот на овој мандат исплати 50 отсто од долговите на општините. На општина Струга и беа доделени над 2 милиони евра, додека Рамиз Мерко меѓу десетиците фирми ја избрал СИТИЛАЈТ за одеднаш да и исплати над 1,2 милиони евра од тие средства. Причината веќе се знае.
Од друга страна, сведоци сме на услугите на оваа компанија. Цели улици и села во Струга секоја вечер се во темница и воопшто не се безбедни, вклучувајќи ги тука и центарот на градот, Радолишта, Велешта, Октиси, Ливада, Ложани, Враништа, Мислешово и многу други улици кои што ни пријавија.
Рамиз Мерко треба да одговара за овој криминал пред граѓаните на општина Струга? Ги повикувам надлежните институции да ја извршат нивната должност, а локалните медиуми ги охрабрувам дополнително да го истражат овој скандал. Подготвени сме да соработуваме со сите.
 

На крај, го повторувам нашиот главен став: Пред секое од ветувањата во нашата Изборна програма, нашето ново владеење во општина Струга ќе започне со ЦЕЛОКУПНА РЕВИЗИЈА на целата работа на Рамиз Мерко. Ќе се обелоденат сите злоупотреби a сторителите ќе одговараат за секој залудно потрошен денар од Буџетот на стружани. Почитувани стружани, ова е криминалната власт на Рамиз Мерко од која само две семејства се збогатија, изградија милионски куќи, купија земја и големи богатства, се возат со автомобили вредни стотици илјади евра, додека на граѓаните и на младите стружани како единствено решение им ги оставија КУФЕРИТЕ и напуштањето на ова место.
На 31 октомври завршува сè. Струга ќе дојде во сигурни раце и чисти луѓе.
Ви благодарам.