Lajme / ВестиRrethina / Околина

Запалил две коли од дворот на полицијата / Се лиши од слобода 48 годишен маж

На 26.04.2020 во 00.50 во с.Делогожда, струшко, од полициски службеници од Полициска станица Струга, за време на забраната за движење, бил лишен од слобода Д.Ж.(48) од с.Делогожда, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, бидејќи на 25.04.2020, во периодот од 23.30 до 23.55 часот, Д.Ж. предизвикал пожар на две патнички возила паркирани во дворот на Полициска канцеларија Делогожда. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга. По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.