HomeLajme / ВестиVideo / Видео

Заменик-министерот Асим Муса фатен на дело, зема капар за операција (VIDEO)

Заменик министерот за Здравство, Асим Муса од Струга беше фатен на дело како се пазарува со пациент од Албанија за операција на простата, пренесува VOX Struga. Тој што требаше да е пациент, всушност бил новинар од Албанија, кој работел за инвестигативната емисија „Фикс Фаре„ во Top Channel.

Во видеото кое беше објавено вечерва, се гледа како Асим Муса и „пациентот„ од Албанија се договараат за термин за операција која би требало да се изврши во просториите на Институтот заНефрологија во Струга, познат како Дијализа. Впрошем и средбата меѓу Муса и пациентот се случува во просториите на Дијализа- Струга.

За цената на операцијата се договараат да биде илјада евра, а за кафе, Муса зема однапред 50 евра. Сето ова е снимено и можете да го погледнете во видеото подолу./voxstruga.mk/