Lajme / Вести

Ексклузивно од VOX Struga: Мерко ќе ја задржи депонијата во Струга!?

VOX Struga дојде до информација во врска со планот на Општина Струга и Градоначалникот, Рамиз Мерко за да ја задржат актуелната градска депонија, таму кај што е. Планот на Општината и Владата за транспорт на струшката депонија во Дрисла преку градената станица за пресирање и селектирање на сметот не успеал.

Сега на повидок е нов план. Ѓубрето од Струга и струшко ќе се собира уште на иста локација а парите кои општината ги доби од државните резерви ќе се користат за оваа цел и за оддржување на истата депонија.

Депонијата се наоѓа на неколку метра од градот и стружани ќе продолжат да ја трпат и вдишат смрдеата уште долг период.

Инаку, оваа депонија на стружани им ја “подари” истиот Градоначалник, Рамиз Мерко за време на неговиот прв мандат.

/VOX Struga/