NEWS / newsPeriphery / The environment

DUI-Labunista is justified for the quarries

Почитувани Лабуништани

Со големо жалење го започнуваме нашиот партиски став и текст во овие тешки денови, жалиме за последните случување во нашето сакано Лабуништа, нашата држава како и нашата планета. Посебно жалиме за изгубените животи на нашти браќа и сестри последниов период, нека биде рахмет и џеннет како награда за нив, а на нивните најблиски му посакуваме сабур, здравје и стрпение. На сите заболени му посакуваме побрзо закрепнување и нивно враќање во нормалните секојдневни активности.
Покрај ваквите тешки моменти за сите нас, ние во неверување ги следиме случувањата на социјалните мрежи, не можеме да си поверуваме на она што следиме и гледаме. Зарем драги Лабуништани сега е моментот за политиканство, за ширење омраза и нетрпеливост? Ние ќе ги разбереми ископлексираните, изманипулираните, суетните и лажни патриоти кои цел нивни живот го поминале шетајќи по партиите, но исто така веруваме дека тие се многу малку за разлика од тие мудрите, стрпливите и со разум надарените. Иако нашиот став беше овој период на справување со корона вирусот да не објавуваме ништо поврзано со партија и политика сепак моравме тоа до го сториме, верувајте моравме да ја споделиме вистината со сите вас почитувани Лабуништани.
Ќе почнеме вака: Зошто ДУИ како партија е најповеќе повикана овој период, ако знаеме дека владата е составена од коалиција на неколку партии меѓу кои СДСМ, DUI, АЛТЕРНАТИВА…Еве еден официјален податок од Државна изборна комисија за предвремените парламентарни избори 2016 year. од гласовите во Лабуништа: DUI 1110, SDSM 971, тогаш БЕСА денес АЛТЕРНАТИВА 717. Ви значат ли нешто овие бројки 971 and 717? Знаевте ли дека и Алтернатива била на власт? Паметите нешто од истиве овој период на нивно владеење? Барем еден метар реконструкција на пат, барем едно вработување, паметите ли? Not! Ништо ама ништо не направиле за Лабуништа, а земале голема број на гласови, Unfortunately. Истите тие го злоупотребија овој чуствителен период па преку социјалните мрежи, од нивна страна контролирани фан страни, portals, лажни профили почнаа да шират омраза, поделеност и недоверба меѓу Лабуништани. Друго прашање се сеќавате ли на локалните избор во 2013 year? Знаете ли колку гласови зеде од Лабуништа предходниот градоначалник на о. Струга од редовите на АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ? Above 3600 наши гласови. Тоа е максимумот на гласови во Лабуништа што една партија успеала да добие. Знаете ли што добивме за тие 3600 гласови, паметите ли нешто за нашето село од предходниот градоначалник? Слободно пишете во коментар ако нешто направиле, можеби нешто ситно, но ние не се сеќаваме на ниеден нивни поголем проект. Подржувачите на истата таа партија што раководела со општината од 2013г. до 2017г.сега глумат патриоти и одговорни Лабуништани, а кога требало тоа да го докажат никаде ги немало. Срамота!!!

Сега два три збора за најгорката тема за сите нас: Каменоломите. Еве еден краток историјат за тоа кога биле доделени концесиите за експлоатација на минерални суровини во атарот на нашето Лабуништа:

  1. Концесија за експлоатација на минерална суровина-варовник, локалитет Градиште (голем извор) со дозвола за работа бр.24-7402/1 од 12.07.2001год. Yes, добро читате 2001 year ( од овој каменолом се оние слики и снимки додека минира, сепарира… )
  2. Концесија за експлоатација на минерална суровина-варовник, локалитет Краста со дозвола бр.24-2385/2 од 20.04.2012 year.
  3. Концесија за експлоатација на минерална суровина-варовник, локалитет с. Лабуништа со дозвола бр.24-463/1 од 11.01.2013год.
  4. Концесија за експлоатација на минерална суровина-варовник, локалитет Краст со дозвола бр.24-2961/14 од 31.12.2014год.
  5. Концесија за експлоатација на минерална суровина-габро, локалитет Стрижак со дозвола бр.24-1652/2 од 14.07.2016 year.
    Ако добро погледнете на годините кога се издадени овие каменоломи ќе заклучите дека станува збор за период кога ниеден од нашите актуелни партиски функционери не биле на функција. Но да не се разбереме погрешно, иако не биле тогаш на функција тоа не значи амнестирање за нив, напротив истите имаат обврска да се изборат до крај со ова големо зло, зло старо веќе 20год. Сакаме да кажеме дека сме биле активни во сите случувања околу едногодишата поактивна борба за нивно затварање. Како партија сме биле дел од сите состаноци, протести, собирања, сме давале придонес за комуникација со сите релевантни институции надлежни за ова проблематика.
    Една кратка ретроспектива на едногодишните активноси и случувања околу ова проблематика. Пред година дена Лабуништани се активираа преку здруженија, граѓански организации, партиски претставници со цел решавање на долгогодишниот проблем со каменоломи во нашето село. Се собраа потписи за петиција, се организираа протести, се направија неколку средби со претставници од надлежни институции. Министерот за економија како најповикан неколку пати беше во нашето село, наши преставници беа кај него во министрство, на негово барање беше испратена вонредна испекција од повеќе области на лице место кај сите концесионери, даваше изјави и интервјуа на медиуми поврзани со нашата проблематика, за да на крај достави предлог закон за измени и дополнувања на Законот за минерални суровини, кој меѓудругото се однесуваше и на членот 51 од ЗМС кој се однеува за начинот и постапката за еднострано раскинување на договорот за еклоатација на минерални суровини. Предлог законот беше ставен и на дневен ред во Собрание, но поради роковите за распуштање истиот не стигна да се донесе ( тука имаше и други случувања и моменти кои подетално ќе ги разговараме во друга прилика).
    Епилогот од ова накратко споменати едногодишни активности: одбиени три барања за нови концесии кои предходно ги прибавиле сите потребни мислења и согласности од законски утрвдените министартва и институции, едностран раскин на договор на одредени концесионери, времено повлекување на некои од нив, а тие кои продолжија со работа работеа со значително намален интензитет (барем до сега). Знаеме дека не сме ја постигнале крајната цел за целосно затварање на сите каменолиме, но веруваме дека со заедничка борба на сите нас во иднина ќе упееме за брзо и во тоа. За таа цел ние како партија ќе продолжиме со сите средства што ни стојат на располагање, со сета наша сила, до последен наш здив да се бориме со овој и сите проблеми во нашето село.
    Вчера во јавноста излезе документ каде претставниците на партиските ограноци и подограноци во Лабуништа ставиле потпис за бојкот на престојните парламентарни избори(кога и да бидат), документот е потпишан од сите претседатели на сите политички партии кои гравитираат во Лабуништа, освен од нашата партија. На тој состанок наш претставник го искажа партискиот став на ДУИ, дека ние како партија ќе учествуваме на таквите избори кога и да бидат. Таков став донесовме од причина што веруваме дека можеме нашите актуелни проблеми да ги решаваме институциаонално како што и до сега сме го правеле. Тоа е наш став, ЈАСЕН и ЈАВЕН. А што правиме со тие што се потпишале за бојкот, а ден после тоа ставиле нивни член на листа за пратеници? Што правиме со тие што иако ставиле потпис за бојкот сепак почнале со кампања и се спремаа за таквите избори? Зарем тоа не е лицемерие, зарем тоа не е поигрување со интелектот на Лабуништани, зарем мислат така се манипулира со Лабуништани? Преставниците на тие партии се во голема заблуда ако мислат дека се поигруваат со чуствата и интелектуалната свест на Лабуништани. Ние сме убедени дека Лабуништани добро ги спознале ваквите манипулатори, и се доволно свесни и образовани да можат да ја согледаат вистината, искреноста и истрајноста. Нека им служи на чест на тие што лажат дека ќе бојкотираат затоа што ќе бидите сведоци дека истите потписници за бојкот први ќе трчаат на престојните избори.

Пред крај сакаме на кратко да споделиме со вас( иако за тоа спремаме отчет во печатена и видео форма) за тоа што сме направиле во овој мандат на централно и локално ниво:
❖ Проекти во делот на екологијата и животната средина
-чистење и редовно одржување на селската дива депонија,
-2/3 од депонијата се изнесуваат надвор од Лабуништа,
-резорвоар за вода за пиење со капацитет од 700м3,
-приклучување во канализациона мрежа на еднинствениот неприклучен дел од нашето село;
❖ Проекти во делот на образованието
-изградба на потпорен зид за изградба на спортска сала,
-изградба и пуштена во употреба на училишна спортска сала,
-инвестиции во ООУ “Мурат Лабуништи’’,
-организирање на воспитни и образовни активности за деца на предшколска возраст;
❖ Инфраструктурни проекти
пробивање, проширување и бетонирање на локални патишта
-реконструкција и алсфалтирање на локален централен пат
-реконструкција и асфалтирање на главен пат во должина од 1км,
-асфалтирање на паток “Кореа-стара Алумина’ ’во должина од 1.4км
-асфалтирање на потот до Лабунишки бачила,
-изградба на потпорен зид и обезбедување на паркинг простор кај Џамија-Краста и други проекти за кои подоцна ќе презентираме.

За крај ви се извинуваме на сите што во овие тешки времиња објавуваме текст со политичка конотација, но веруајте дека чуствуваме обврска да споделиме факти и вистини како сите вие кои читате бидете запознаени со истите.
Не веруваме дека има некој што му го посакува лошото на својот народ и своето село, можеби некој од вас наклеветил и прозвал членови на ДУИ, некој директно ја нападнал ДУИ, ние ве разбираме и ќе ви опростиме за тоа, бидејќи верувмае дека сте сенсибилни, емоционално слаби поради актуелната ситуација, на крајот на денот сите ние сме такви, но мора да издржиме во оваа наша заедничка борба.
Апел
Ајде сите ние да ги збиеме нашите редови, да ја вратиме довербата едни со други!
Да подадеме рака и да помагаме сите во делот на нашите можности. Сега му требаме на Лабуништа, најмногу од секогаш!
Ајде сите заедно да ги оставиме сите поделби, по секаква основа!
Ајде сите заедно“да го отстраниме црниот облак’’што се дигнал над нашето убаво Лабуништа!
Да се молиме, да веруваме, да бидеме оптимисти дека “сонце сјајно ќе светне’’над нашето убаво Лабуништа!
За Лабуништа што го сакаме секогаш спремни!!!
*Ја користиме приликава да го честитаме почетокот на мубарек Месец Рамазан, нека ни биде за моногу години, да го поминеме во здравје, среќа и радост со своите најблиски. Рамазан е месец на ибадет и добри дела. Нека овој светол месец биде причина за освежување на нашите срца, исполнување на нашите дови и молитви и зацврстување на нашите меѓусебни односи, со посебен акцент на фамилијарните врски и семејните вредности.

Со почит ДУИ-Лабуништа