Sport / Спорт

Бесарт Исаку – Струга ТЛ: Нема што да криеме, одиме по нова титула!

Викендов стартува пролетниот дел од тековната 2023/24 сезона во ПМФЛ. Остануваат да се одиграат уште 15 кола по кои ќе се знае кој ќе биде шампион на Македонија, кој ќе игра во Европа а кој ќе се пресели во понизок ранг.

Шампионот Струга ТЛ секако дека е најголем фаворит за титулата, стружани имаат одличен тим, влегуваат како есенски прваци и тоа со предност од еден бод пред Шкупи и четири пред Шкендија.May be an image of 7 people, people playing soccer, people playing football and text

За тоа што може Струга ТЛ во пролетната полусезона, какви се амбициите, плановите за “СпортСпорт свој коментар има спортскиот директор на шампионот Бесарт Исаку.

Најпрво за подготовките.

Да кажам дека имавме и одработивме одлични подготовки. Главната фаза ни беше во Анталија, одигравме и неколку пријателски средби со силни ривали. Секако дека резултатите ни беа во втор план, поважно беше тренерот Шпетим Дуро да им даде шанса на сите играчи и да види кој што може, едноставно да го одбере стартниот тим. Секако дека подготвени го дочекуваме пролетниот дел и првата средба со Работнички во Скопје во недела“ вели Исаку.May be an image of 3 people, people playing football, people playing soccer and text

Струга ТЛ е шампион, секако дека целите и амбициите се да се задржи титулата.

Минатата сезона за нас беше историска. За првпат нашиот клуб кој опстојува само 8-9 години беше најдобар во државата, на Струга како град и го донесовме најголемиот спортски успех во историјата на градот. Да, секако дека имаме намера и оваа сезона да биде прваци во ПМФЛ. Ние тоа не го криеме, имаме одличен тим, имаме одличен тренер, ние сме шампиони и затоа велам дека одиме по нова титула. Секако дека нема да биде лесно. Конкуренти ни се Шкупи и Шкендија, одлични екипи кои ќе ја бараат својата шанса да не престигнат, тоа е спортски, но ние имаме намера да бидеме подобри од нив. Сепак треба да кажам дека без спонзорот а тоа е семејството Ќира, потоа претседателот Арбтрим Ќира како и генералниот секретар Мифтар Шаќири – Тали, се ова не можеше да се постигне што се однесува до Струга Трим Лум“ потенцира еден од првите луѓе на Струга ТЛ.May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text

Во преодниот рок Струга ТЛ беше некако тивка…

Искрено немаше ни потреба. Донесовме само тоа што ни требаше. Го донесовме Никола Влајковиќ, одличен играч кој е со најголема вредност според Трансфермаркт во ПМФЛ, секако Шабан Зенку, а ги пратевме на позајмица Малески и Јаровиќ. Реков, имаме одличен тим, кој е воигран, знае што сака, тоа е спој на младост и искуство, пред се квалитет и кога е така нема потреба од експериментирање. На крај да кажам дека се надевам дека во пролетниот дел ќе следиме возбудливи, квалитетни натпревари во ПМФЛ, секако посакувам и наша радост во мај за нова титула“ заклучи Исаку.