HomeKulturë / КултураLajme / ВестиQyteti / Град

Алијанса за Албанците: Рамиз Мерко секој ден сече дрва и узурпира зелени површини, Ахмети зборува за животна средина

Деветнаесет години во политичката сцена не дознавме на која политичка провинијенца се. Десничари или левичари?
Народот вика ни месо ни риба и додека чекавме да станат месо или риба, испаднаа ни салата ни лук.
Ништо ново, а уште помалку добро не дојде, ниту за политичката сцена, ниту за граѓаните. Денеска ДУИ отстапи од статусот на припадниците на ОНА, од рамноправноста на Албанците, од правда, од премиерот Албанец и се што ветуваше.
Стариот стил на измама и хипокризија продолжува. Една партија излезена од војна, од црвено-црна емблема, премина на сина боја, денеска се обидуваат да ги измамат граѓаните и особено Албанците со зелената боја.
Пред да ги решаваат националните проблеми или тематските како што сакаат да ги нарекуваат тие, денеска рекоа дека ќе се занимават со зелени работи.
Рамиз Мерко секој ден сече дрва и узурпира зелени површини, Ахмети зборува за околината. Денеска Тетово нема вода за пиење и има загаден воздух, а Ахмети зборува за квалитетен живот. Денеска Чаир има урбанистички хаос, без водовод и канализација, а Ахмети зборува за екологија. Денеска Липково живее покрај брана, но без вода за пиење, а Ахмети зборува за води и зеленило.
Денеска водата насекаде се злоупотребува од хидроцентрали, бизниси на функсионери од ДУИ, а нивниот претседател без срам со крокодилски солзи за вода за пиење.
Партијата која пропадна во евроинтеграции, денеска наместо да даде оставка, се маскираат како зелени европејци. Ова е врвот на хипокризијата!
Зелени ке станат оние кои за 20 години ги оставија Албанците без социјална и економска рамноправност. За хипокризијата да стане поголема, самиот Али Ахмети ги изброи депониите и загадените реки и изјави дека за тоа не се виновни институциите, туку ги обвини граѓаните.
Да, нешто добро доаѓа и тука има само една добра вест- ДУИ призна на овој Светски Ден на Екологијата дека ја посрамотиле работата со сината боја и доброто е дека на есен, албанските општини ќе се ослободат и прочистат од режимот на валканите кадри на ДУИ. Нешто добро навистина доаѓа, после октомври.