Насловнавести / Вести

Фридом Хаус: Македонија оди наназад! Има долгорочна корупција на високо ниво

Северна Македонија бележи чекор назад во владеењето на правото и борбата против корупцијата, ги наведува главните забелешки од последниот извештај „Држави во транзиција“ на Фридом Хаус, проследува ТВ21. Предупредува на долгорочна корупција на високо ниво, додека има забелешки и за конфликтот меѓу партиите околу уставните измени неопходни за евроинтеграциите на државата.

Северна Македонија не презеде значителни чекори за елиминирање на корумпираните оперативни мрежи додека власта продолжи да биде концентрирана во коалиции на неколку партии, се вели во Извештајот. Тој ги критикува и измените во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните не само за функционерите, но и за претходната влада, како што го нарекоа, антидемократскиот премиер Никола Груевски, додека ниту тој, ниту неговите најблиски соработници не одговараа пред правдата./tv21.tv