Lajme / ВестиRrethina / Околина

Починала жена од Лабуништа, имала проблеми со дишењето

Една жена од село Лабуништа во Општина Струга со проблеми со дишењето починала пред малку во струшката болница, дознава in7 од свои извори. Истите извори тврдат дека на денешниот ден, две жени од село Лабуништа биле примени во Болницата во Струга со респираторни проблеми. На една од пациентките и се влошило ситуацијата и ја подготвиле за да ја носат во Скопје, но за жал починала. И втората пациентка со влошена респираторна состојба е на пат за Скопје со амбулантна кола.


Починатата имала симптоми слични како од коронавирусот, но уште немаме точна информација, дали била позитивна или пак дали била тестирана.
Во Струга, досега службена бројка на заразени од Ковид-19 е 5, од кои два случаи се во Лабуништа. А вчера, една 66 годишна жена од Горно Татеши почина од коронавирусот./voxstruga.mk/