вашиот откажување / вашата апликацијаНасловнавести / Вести

78 илјади евра за ручеци – Луксузирање на општина Струга и во време на пандемија

Втор ден молк од општина Струга, за трошоците направени во ресторани во висина од 27.500 евра, во време кога рестораните поголем дел од годината беа затворени. Градоначалникот Мерко, не одговараше на телефонските повици. Министерот за локална самоуправа, Горан Милески за Алсат вели дека строго треба да биде ограничено трошењето на парите на граѓаните за такви намени.

„Ги осудувам ваквите непродуктивни трошења. Оној кој што е ненајаден и чека да дојде на власт за да се најади не му е место во власта и тој треба што поскоро да биде сменет. А, државата треба да најде механизми за такви гладни функционери, кога ќе дојдат на власт, да ги ограничи и да им оневозможи да ги трошат парите на вакви несуштински работи“, рече министерот Милески.

Опозицијата обвини дека во изминатите три години односно од 2018 до 2020, за истата намена од страна на Мерко, се потрошени скоро 78.000 евра. Но работите не застануваат овде, бидејки со буџетот за 2021 година, нему на располагање му се 3 милиони денари или околу 50.000 евра. Од Алијанса на Албанците се сомневаат дека парите се злоупотребени, ако се знае дека од 11 март, државата беше во изолација, а долго време ресторани беа затворени.

Тие уште обвинуваат дека општинската администрација минатата година потрошила 16.000 евра на име репрезентација, а претседателот на советот околу 12 000 евра. Ова се случува во време кога Струга треба да го решава проблемот со водоснабдувањето и градската депонија. Инаку Мерко во неговиот трет мандат, се поднови и со луксузно Ауди А6 вредно 67000 евра, а се купија и уште четири други автомобили за општински потреби. Вкупно беа потрошени вкупно 114.000 евра.

Мики Трајковски – АЛСАТ