NEWS / news

I heard: The event in Struga is obviously not well organized, we will investigate the case

Commenting on the mass religious gathering in Struga, the technical Minister of Interior Nake уulev in tonight's guest appearance on Alpha Television, порача дека настанот очигледно не бил добро организиран и дека во текот на утрешниот ден ќе спроведат истрага.

„За литијата во Струга во текот на утрешниот ден ќе постапиме согласно полициските процедури да видиме кои се пропустите што се направени од страна на полициските службеници во Струга и во СВР Охрид. Имавме вакви случаи во Сингелиќ и Гевгелија, не е прв случај, генерално граѓаните ги почитуваат мерките, но се работи за важен верски настан којшто не е добро организиран очигледно. Како МВР ќе извршиме препознавање и доколку е неопходно ќе биде санкинирано“,

изјави Чулев.

Коментирајќи ги барањата за оставка од СДСМ, Чулев се пожали дека е мета на организиран напад од партиските пијар служби со цел, како што вели, негова лична и професионална дискредитација.

Посочи дека како министер смета дека прво граѓаните треба да се предупредуваат, а доколку повторно не ги почитуваат мерките и го повторат делото – тогаш да се казнуваат.

„Кажав дека и на Влада и на социјалните мрежи на медиумите, во моментот главен таргет сум им јас и притисокот е безкруполозно да ги казнуваме граѓаните за ограничување на движењето и за сите други мерки. Мојот принцпи е да ги предупредуваме граѓаните а ако го повторуваат делото тогаш да применеме репресивни мерки. Моментот е особено тежок за граѓаните тие се под голем психолошки притисок, економска криза. Високите казни кои им би се дале дополнително би го оштетиле нивниот буџет и би влијаело негативно врз благосостојбата на нивните семејства. Затоа се залагав покрај репресивната компонента да има превентивна компонента“,

изјави Чулев.

За критиките за недолично однесување на неговото обезбедување кон новинар за време на одбележувањето на Денот на македонската полиција кои го спречија да постави прашање, Чулев изјави дека случајот ќе се испита од страна на Одделот за внатрешна контрола и доколку се утврди дека од страна на вработените во МВР се пречекорени службените овластување за истите ќе следи постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. /360