Homeculture / cultureNEWS / newsSport / sport

Race of poetry, for the second time in Struga

Struga is preparing for the second Poetry Race.

The city of bridges has made a fusion of poetry and sports. Around 1 000 учесници од земјава но и од од соседството се веќе пријавени за настанот.

Целта на оваа спортско- поетска манифестација е промоција на спортот,  но и силна туристичка промоција за привлекување на повеќе гости во градот.

„Целта на овој настан е промоција на физичката активвност пред се, мотивација за луѓето да почнат да се занимаваат со некаква физичка активност и промоција на нашиот град Струга како туристички град. Преку спортот да направиме промоција на нашиот град“, вели Мими Стојаноска од здружението „Спортски мостови“.

Предвидени се трка од рекреативен карактер во должина од 5 км и од натпреварувачки карактер од 10 км, а за анимација на најмладите ќе има и детска трка од 1 километар.

„Рутата е истата ланската рута бидејќи се покажа како многу позитивно. Стартот е на чаршискот мост во Струга, се трча на кејот покрај реката Црн Дрим , по крајбрежјето на Охридското езеро, во близина на Евро хотел, па по истата патека се враќаме назад , поминуваме покрај општината и завршуваме на чаршискиот мост“, додава Стојаноска.

Оваа година трката е под мотото Трчаме – рецитираме, бидејќи спортистите не само што ќе трчаат туку и ќе творат поезија на тема „Мојата трка“.

„Струга е град на поезијата и во склоп на трката на поезијата ден претходно имаме поетски конкурс, кој веќе е во тек на необјавени творби, а ден пред трката ќе се објави победник со поетска творба на тема „Мојата трка“. Всушност трчањето е еден вид поезија, така да ќе биде трчаме рецитираме“, вели Стојаноска.

Три децении во Струга немаше градска трка. Спортските ентузијасти од градот, лани ја организираа првата спортска манифестација , која преминува во традиција. Трката ќе се одржи на 22 May, а ќе се трча на кејот на реката Црн Дрим и на брегот на Охридското езеро.

According to the State Statistical Office