HomeNEWS / news

There has been no solution to the charges against Merko for three years

И по три години сѐ уште нема разрешница за пријавата која Антикорупциската комисија ја поднесе за набавката на луксузниот Ауди А6 од страна на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и на уште три други возила за општинската администрација. Пријавата само се префрлувала од едно во друго обвинителство, и предметот и натаму е далеку од разрешница. Општината која е со блокиран буџет, spent 114.000 euros, од кои само аудито чинеше 67.000 euros.

„Беше покрената иницијатива пред Основното јавно обвинителство Скопје, па препратена до Основното јавно обвинителство во Струга, каде што од ова обвинителство на 4.12.2019 е примена иницијативата, но на 23 December 2019, од ОЈО Струга е препратена до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. И согласно нашиот закон, тука се запира нашето постапување во овој случај“, рече Нури Бајрами, Државна комисија за спречување на корупциja.

Бајрами вели дека во прилог оди и извештајот на Државниот завод за ревизија.

„Нашиот предмет додека работевме во прибирање на информации податоци за наведениот случај се поткрепи и со објавување на извештајот на Државниот завод за ревизија. Беше објавен 25.10.2019 year, нешто пред одржување на 23-та седница, каде беа констатирани многу слабости,пропусти и прекршување и беше поткрепа на нашиот предмет“, додава Бајрами.

Од Основното јавно обвинтелство, велат дека предметот е во предистражна постапка за која нема законски утврдена временска рамка за постапување.

„Во случајов се работи за обемна документација за која е потребно време за постапување, со оглед на тоа што предистражната постапка согласно закон е тајна, во моментов за жал не може да се споделат детали во врска со предметот. По донесување на јавнообвинителската одлука јавноста ќе биде информирана“, наведуваат од Основното јавно обвинителство.

On 1.03.2022 година Антикорупциска по допрен глас отвори предмет и за високите кирии кои за закуп на простор ги плаќаат јавните претпријатија – Водовод и канализација Струга наплаќа 3170 euros, а Еко Струга плаќа 2.000 евра кирија месечно.

By Miki Trajkovski – ALSAT