HomeNEWS / newsThe town / city

The old town of Struga is littered with waste, residents petitioned

Стар град во Струга затрупан со отпад. Комуналното претрпијатие не ги расчистува депониите, со оправдување дека нема можност да пристапи со механизацијата поради изградбата на улиците.

Жителите велат и пред реконструкцијата на улиците го имале истиот проблем. Несовесни граѓани, но и дуќанциите од чаршијата несоодветно го одлагаат отпадот по сокаците во стариот дел на градот.

-„Како жители на овој дел од стариот град упорно апелираме и бараме од институциите да биде решен овој проблем со кој што се соочуваме, особено во летната сезона кога е зголемен бројот на посетители и кога е зголемен и опсегот на отпадот. Она што е најголем проблем за нас е тоа што инспекциските служби односно комуналниот инспекторат воопшто или многу малку презема мерки и да реагира по службена должност“ , вели Никола Кукунеш жител на Стар град Струга.

Жителите поднесоа петиција до комуналниот инспекторат, но и приговор до државниот управен инспекторат и до инспекцискиот совет.

-„Како граѓани на стар град поднесовме петиција и барање до комуанлниот инспектор да излезе на терен и да направи увид. Она што го добивме како документ беше смешно затоа што тој не видел ништо бидејки во моментот кога бил на увид сметот бил подигнат. Но како што може да видите сметот е се уште тука“, adds Kukunesh.

Надлежните меѓусебно си ја подаваат топката. Од инспекторатот ставот е дека инспекторот постапил согласно законските овластувања, а од инспекцискиот совет граѓаните ги упатиле поплаките да ги праќаат до инспекторатот. Жителите бараат надлежните да се погрижат за комуналната хигиена во градот, од комуналниот инспекторат велат се постапува согласно надлежностите.

ОХРИДНЕТ