HomeNEWS / newsThe town / city

The old metal containers in Struga will be replaced with new plastic ones

Struga, 2 June 2023 (MIA)Јавното претпријатие „Комунално“ денеска почна акција за промена на старите и дотраени метални контејнири поставени на градските улици, со нови пластични за мешовит отпад со зафатнина 1,1 кубен метар.

Според директорот на претпријатието Иќмет Ислами, акцијата е со цел подобрување на состојбата со управување со отпадот во Струга.

Новите контејнери се поставени на локации каде предходно беше констатирано дека се одлага поголема количина смет. Со ова значително се подобрува комуналната инфраструктура и услугата собирање и депонирање смет, истакна Ислами.

Апелира до граѓаните да ги чуваат новите контејнери, да не ги палат и да не фрлаат несоодветен отпад.сс/вг/