HomeLajme / ВестиQyteti / ГрадRrethina / Околина

“Силна и обединета опозиција значи крај за СДС&ДУИ” – Анализа на пратеникот Јован Јаулески

Единствен начин за да падне оваа криминогена власт предводена од СДС&ДУИ е преку обединување на опозицискиот блок во Македонија. Друг начин, видовме дека нема.

Македонија ги живее најтешките години од нејзиното постоење, лошо е и за Македонците, Албанците, Ромите и Власите, Србите, Бошњаците, Турците, лошо е за сите заедници во Македонија.
Се иселуваат и Македонци и Албанци.
Се иселуваат и од Струга и од Делчево, од Враништа и од Велешта, од Радожда и Радолишта итн… Конкретно од Струга може да се направи цел профил на владеењето на власта. Гледаме самоволие и еден локален шериф кој е полн со афери и криминални и коруптивни скандали.
Неспособноста на дуото на власт ја испразни Македонија и затоа, само вака обединети можеме да ставиме крај на тоа.

Силна и обединета опозиција значи крај за СДС&ДУИ.
Силна опозиција значи многу брза транзиција на власта и силна Македонија, а секој оној кој нема да се приклучи кон овој блок ќе придонесе за останување на Заев на власт.

Јован Јаулески – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ