HomeLajme / ВестиQyteti / ГрадRrethina / Околина

Се намалува бројот на новороденчиња во струшко

Се намалува бројот на новороденчиња во струшко.

Споредбено со пред десетина години, наталитетот бележи пад од 20тина проценти.
Во 2020 година на струшкото гинеколошко одделение имало 680 породувања, но во 2021 – 580 , однсно точно сто новороденчиња помалку.

И покрај намалениот наталитет на одделението има зголемен обем на работа, бидејќи поради недостиг на гинеколози во Дебар, 90% од родилките од дебарско се породуваат во Струга, каде има седум специјалисти по гинекологија.

– „Досега годинава имаме 71 раѓање, како што може да се види и ние како во Цела Македонија имаме пад на наталитетот во споредба со минатите години. „На нашето одделение доаѓаат за породување од Дебар, Охрид, Ресен, Кичево мислам дека се задоволни пациентите од одделнието и персоналот“, вели Малјинда Шеји началник на Гинеколошко одделение Струга.

Во изминативе две години во пандемијата имало голем број родилки позитивни на корона вирусот, дел од нив се препраќаа во Скопје, дел поради итноста се згрижуваа во Струга.

„Имавме и такви случаи, каде што итноста ,породувањето веќе е започнато и немавме можност да ги транспортираме за Скопје тие сме ги породиле тука преземени биле сите мерки за заштита на мајката, бебето и персоналот. Во последно време може да се види од статистиките дека има поголем број на предвремени породувања“, вели Шеји.
Во 2011 во Струга се родиле – 701 новороденче, десет години подоцна бројот на новороденчиња е намален на 571.

И покрај намалувањето на наталитетот, сепак во струшко се уште има позитивен природен прираст. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последното тромесечје лани, во Струга се родиле 131 бебе, а умреле 116 лица, однсно има природен прираст со индекс 15.

Новинар Соња Рилковска