HomeNEWS / news

He built without permission ?


Да се живее во мир е најсилнот глас за толеранција и хуманизам! Гласот за мир е главен атрибут на секој водач кој ја сака среќата на својот народ! Војната носи ужас за живите, почест за убиените! Кога преговорите за мир ке бидат неуспешни, тогаш улогата на водачот станува битна, од неговите одлуки на „тенко влакно„ висат судбините на милиони луѓе! Водачот кој има омраза кон другите, прикривено има омраза и кон себеси! Ако во секој проблем решението се бара во војната , тогаш војната станува клуч за отварање на поголеми проблеми! Во секоја војна се оправдува причината, а не и разлогот за умирање ! Тие кои војуваат за гордоста на нивниот водач, еден ден ке станат разочарани губитници! Една сиромаша нација која живее во мир, е посреќна од една богата нација која поттикнува војна! Ако водачот го чуствува мирисот на барутот, нема да се чуствува како „лав„ кој наредува од блиндиран кабинет ! Секој претседател кој иницира војна станува „роб„ на неговата гордост и „крал„ на неговата лудост! Некогаш е подобро да му се верува на паметен „просјак„ него на„ болен„ водач! Додека водачите мислат за војнавојни ке има! Ако се живее со војна тогаш ке се разбере вредноста на мирот! Несреќите од минатите војни, треба да се пример за денешните! Народот не треба да седи со затворени очи, затоа што секогаш ќе гледа темница! Само со мир светот секогаш ке биде зелен, секоја нога ке гази на зеленило ,а не на пепелава почва ! Светот не се менува со војна,се менува само бројот на страдалниците!