Sport / sport

Radeski: With one or two refreshments, Struga can defend the crown!

Marjan Radeski played in excellent form this season and was one of the main individuals in the team of the current champion of Macedonia, Струга Трим Љум.

Родениот прилепчанец ја игра една од најдобрите сезони во кариерата, досега постигна осум првенствени голови и е многу близу до најуспешната етапа во ПМФЛ, кога како играч на Металург беше автор на десет гола. Сезоната е долга и Радески сигурно ќе ја мине оваа граница, а и самиот фудбалер во интервју за Gol.mk изјави дека се чувствува одлично и верува дека Струга ќе ја одбрани титулата во Првата македонска лига.

„Одигравме одлична полусезона. Ни требаше малку време да влеземе во посакуваната форма, особено по тешките предизвици во летните евроквалификации. Мислам дека во моментов сме во одличен ритам и заслужено се вративме на врвот на табелата.

Во тимот владее прекрасна атмосфера. Има и неколку играчи кои порано настапуваа заедно во други клубови, а сето тоа само дополнително придонесува за кревање на духот и моралот. Тука сме секако и јас и Бесарт (Ибраими), со кого заедно игравме порано во Шкендија. Одлично се надополнуваме еден со друг и мислам дека беспрекорно функционираме во нападот“, вели Радески.

Напаѓачот смета дека Струга има одличен тим, но верува дека со едно-две засилувања во зимскиот преоден рок, шампионот ќе биде во одлична позиција да ја одбрани круната освоена минатата сезона.

„Ростерот е солиден и имаме многу квалитетни поединци, но мислам дека со едно-две освежувања, ќе бидеме уште поконкурентни и имаме големи шанси да ја одбраниме титулата. Сега сме на врвот, не гледам причина зошто тоа не би било така и по истекот на сезоната.

Ако добиеме уште едно пополнување во офанзивата, никој нема да се лути. in front of, на сите ќе ни биде добредојден мал одмор на одредени натпревари, а ова особено важи за вториот дел од сезоната кога ритамот ќе биде пеколен и ќе мора да сме максимално фокусирани“, ни рече Радески.

Струга делува навистина стабилно од играчки и финансиски аспект. Управата врши одлична работа во прилично новиот прволигаш, а со тоа е согласен и Радески, кој вели дека условите за работа се одлични.

„Струга има амбициозна управа. Тоа е тим од големи професионалци и јас сум среќен што сум дел од таа структура. Не мечтаеме, туку сите заедно работиме. Сакам да дојдам до што повеќе успеси со овој клуб, а што се однесува до мојот личен учинок, би бил среќен ако сезоната ја завршам со петнаесетина постигнати голови“, на крајот заклучи Радески.

Струга Трим Љум замина на паузата со еден бод повеќе од второпласираниот Шкупи и четири повеќе од Шкендија, која е на третата позиција. Актуелниот шампион имаше помалку „забревтан“ почеток на првенството, но полека и сигурно успеа да се врати на тронот.

Марјан Радески сигурно ќе биде еден од клучните играчи во тимот, а навивачите исто така имаат големи очекувања од искусниот напаѓач кој порано играше уште за Металург, Шкендија, Академија Пандев, Шкупи и Пјуник од Ерменија.