HomeNEWS / newsThe town / city

A new mammogram was promoted at the General Hospital in Struga

The general hospital in Struga received a new modern mammogram for early detection of breast cancer, кој денеска беше промовиран од министерот за здравство Беким Сали.

Тој ги повика сите жени од регионот да се пријават во струшката болница за бесплатен скрининг и навремено откривање на сите промени регистрирани во нивниот организам.

Ги повикуваме сите жени да се обратат до Општата болница во Струга и да се пријават за скринингот, кој е дел од програмите на Министерството за здравство со цел рано откривање на рак на дојка. Новитет во оваа програма е дека сите позитивни случаи нема потреба да се враќаат кај матичните лекари за понатамошните иследувања, туку се упатуваат на повисоко ниво, а по потреба и хирушка интервенција до Клиника за торакална хирургија, појасни Сали.

Новиот мамограф во струшката болница, според директорот Арменд Арслани, е современ со ниско ниво на зрачење, контролирана компресија и висока резолуција на графиите.

Со овој современ апарат ќе обезбедиме здравствени услуги за нашите пациенти од цел Југозападен регион, истакна Арслани.

Општата болница во Струга е една од 14-те јавни здравствени установи во државата кои добија современа опрема за дијагностика преку Министертсвото за здравство во соработка со Светска банка.