HomeNEWS / news

Bookmakers and casinos will move to the least 500 meters from schools – the amendments to the Law on games of chance have been adopted

With 55 гласови „за“ Собранието денеска ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце. Измените, among other things, предвидуваат објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест пред законодавниот дом изразувајќи го револтот за предлог-законот.

Оттаму, тие побараа претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за стапување во сила на законот, велејќи дека со измените ќе се затвори гранка во која има илјадници вработени, а кои со измените на законот ќе останат без работа.

Со измените на Законот, цената за една лиценца за обложувалница ќе порасне од 105 илјади на 200 thousand. Истовремено, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца, а дополнително, за секое следно уплатно-исплатно место над 25-тото, приредувачот ќе треба да плаќа надоместок од 10.000 euros.

Меѓудругото, со измените се предвидува автомат клубовите сега да плаќаат за лиценца која ќе чини 100 thousand, наместо 78.750 euros. Таа, ќе биде ограничена на три деловни простории за кои автомат клубовите ќе треба да плаќаат надоместок во износ од 30.000 euros.

„Се зајакнува регулативата во делот на интернет игрите на среќа со имплементирање на Препораката на Комисијата за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на онлајн услугите за коцкање и за спречување на малолетници од коцкање преку интернет“, исто така се наведува во усвоениот предлог-закон.

Кога лани пишувавме на темава, од движењето „Антикоцкање“ ни изјавија дека со законот само делумно го решава проблемот, но додава дека од некаде мора да се почне.

„Во моментот, овој закон не е сјаен, не ги исполнува нашите барања, ние баравме локалите да се оддалечени 3 километри од нашите куќи, на крај да се затворат сите и да се донесе еден добар закон, да биде под контрола, строга контрола на државата за да можат да се занимаваат со игри на среќа“, изјави тогаш за Радио МОФ Јуши Емрулаи од „Антикоцкање“.