HomeNEWS / news

The dogs and the bitten are fighting, the authorities blow the whistle

A man with a rifle in Struga killed a dozen street dogs, which caused a veritable war of words on social media. Едни обвинуваат дека е психопат, други дека луѓето имаат право да се штитат од глутниците. Само ретки посочуваат дека проблемот треба да го решат властите, а не самоповикани пиштолџии.

Активистите за заштита на животните утре пред владата ќе одржат протест откако жител на струшкото село Ливада пред два дена со пушка уби десетина кучиња низ градот. Во исто време, имаше масовно труење на уличните кучиња во Неготино.

По масакрот на кучињата во Струга почнаа жестоки расправии на социјалните мрежи. Едни обвинуваат дека се работи за монструм кој ја загрозил безбедноста и на граѓаните, други дека луѓето мора да се заштитат од глутниците кои секојдневно напаѓаат по неколку луѓе.

Едни споделуваат фотографии од човек со пушка како се шета низ Струга и убива животни, други споделуваат фотографии од искасани луѓе и прераскажуваат свои искуства со глутниците. Некои коментираат дека тоа што во центар на град може да те изедат кучиња, но и тоа што среде бел ден можеш да се шеташ со пушка е одраз на нефункционалноста на државата.

Некои, again, коментираат дека државата има посериозни проблеми за толку енергија да се троши на еден комунален проблем како справување со кучињата скитници.

Локалните власти, кои се најодговорни за решавање на проблемот со уличните кучиња, си свиркаат. /СлободнаЕвропа

ЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ТУКА