HomeNEWS / news

Garbage and stray dogs are hot topics in Regionov

На денешната редовна седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, со која претседаваше градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, договорено е во текот на оваа година главните активности да бидат насочени кон решавање на проблемите со комуналниот отпад и со кучињата скитници. Во контекст на овие жешки теми за Регионот, членовите на Советот за развој, се договорија да се оствари средба со министерот за животна средина, Каја Шукова со цел да бидат запознати со досегашните процеси, при што приоритено е да се интензивира нивното решавање бидејќи истите се сериозен проблем за најзначајниот туристички регион во држава.

Договорено е да бидат искористени можностите за изработка на техничка документација за изградба на еден или два стационари во Регионот каде што би се пристапило кон хумано решавање на проблемот со кучињата скитници.

Also, членовите на Советот бараат да бидат запознати со инегралното решавање на комуналниот отпад за Југозападниот и Пелагонискиот регион, а за за што се обезбедни средства преку заем од ЕБРД и дел од донаторската зедница. Според последните информации во текот на оваа година ќе се пристапи кон набавка за возила, контејнери и корпи за отпадоци и почеток за работите за изградба на трансфер станиците, со цел потоа да отпочнат работите од првата фаза од израдба на регоналната депонија во Новаци.

На денешната седница членовите на Советот за развој ги разгледаа и усвоија годишните извештаи за работењто на Центарот за развој, при што беше изразено задоволство од темпото на работа и обезбедените средства. Се очекува и оваа година да продолжат крупини инвестициони вложуавања како што се реконструкцијата на двете болници за Кардиолошки заболувања во Охруд и за Нефрологија во Струга. Покрај тоа, значајни инвестиции ќе има за решавање на енергетските и проблемите со енергетската ефикасност на јавните објекти, како и подобрување на патната инфраструктура. За оваа намена обезбедени се околу 100 милиони денари од домашни и донаторски извори.

По завршувањето на седницата, градоначалинот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков организира неформален прием за другите градоначалници од Регионот на која беа договорени следните активностите на Советот за развој.