HomeNEWS / news

And Struga breaks records with pollution

Деновиве и Струга рушеше рекорди по аерозагаденост, иако лежи на езеро и низ годините исто како и Охрид вежеше за возудшна бања. Но масовната урбанизација особено последните неколку години, која му се случува на градот, како и начинот на греење го прават своето. Граѓанскиот активист, Никола Кукунеш вели дека пред само неколку дена во Струга биле измерени 190 пм честички на метар кубен, речиси двојно повеќе од највисоката тогаш измерената вредност во Скопје.

„Сите имаме перцепција дека тука ни е езерото, тука се и планините и сега она што го дишиме како воздух е во рамките на дозволеното, но мерењата го покажуваат спротивното и токму од таму е стравот дека можеби и стружани ја делат истата судбина со големите градови, каде мерењата се редовни и тековни и каде граѓаните ги добиваат тие информации во реално време“, рече Никола Кукунеш-граѓански активист.

Кирил Ристовски од Центарот за еколошка демократија- Флорозон, вели дека локалните власти имаат обврска да преземат мерки во насока на лоцирање на потенцијалните извори на загадување.

„Согласно закон треба да направи шест месечен и годишен план на активности, преку кои ќе врши редовен или вонреден инспекциски надзор врз загадувачите. Она што ние го гледаме подолго време во земјава е дека единиците на локална самоуправа не ги исполнуваат тие законски обврски и тоа е еден од основните проблеми зошто се допушта не само загадување на воздухот туку и загадување на почвата, водата.И она како второстепена власт треба да преземе мерки во насока на сузбивање на загадувањето “, нагласи Кирил Ристовски-Флорозон.

Ристовски вели дека за сега нема механизам, за да се контролира што користат домаќинствата за затоплувње.

„Ние сега се залагаме за воведување на поригорозни мерки, контрола на горивата кои се користат за затоплување на домовите. Тоа пред се треба да го обезбеди државата со системски решенија, кои се уште не се достапни“, додаде тој.

Освен греењето на домаќинствата,и сообраќајот, главни извори на загадување во Струга се и градската дива депонија, и работата на каменоломите./Алсат.мк

By Miki Trajkovski