HomeNEWS / news

Emigration of students from Struga and Ohrid, you have also left a mentor

Општиските власти во Струга не ѝ откриваат на јавноста колку ученици се испишале од основните и средни училишта од почетокот на учебната година поради заминување во странство. Алсат веќе две недели се обидува да добие одговор на ова прашање, но од општината не ни одговараат. Од секторот за односи со јавност само ни рекоа дека имаат податоци, но им било кажано да не ни ги доставуваат. Алсат неофицијално дознава дека тој број од септември до денес е околу 100 отпишани ученици. Дека постои ваков тренд на заминување ни потврдија и од гимназијата Ибраим Темо во Струга. Од септември досега 4 ученици побарале исписница оттаму.

„Што се однесува до намалувањето на бројот на ученици, последните три години, почнувајки од 2021 година до сега бројот на ученици во гимназијата Ибраим Темо е намалена за 50 ученици од кои 10 заминале во странство. Тоа не значи дека овој број е целосен бидејќи има и такви родители кои ги земаат децата без најава и за нив немаме податоци дека е запишано во некое друго училиште и потоа добиваме информација дека детето е во странство“, рече Бесиме Јонузи-директорка на гимназија Ибраим Темо.

Од центалното основно училиште во селото Делогожда и подрачните училишта се отпишале 9 ученици. Од основното училиште Браќа Миладиновци си заминале 18, а од Јосип Броз Тито, 5.

In the meantime, во општина Охрид има детална евиденција за отпишувањата. Таму поради заминување во странство, во текот на оваа учебна година досега се отпишале вкупно 29 ученици. From them 22 деца од основните и 7 од средните училишта.

„Учениците кои ги напуштиле училиштата се преселиле во Германија, Австрија, САД, Словенија, Австралија и Србија. Во текот на оваа учебна година поради заминување во странство, работата ја напуштил и еден наставник“, велат од Општина Охрид.

„Имаме доста ученици кои се испишуваат. Нашето училиште има континуирано без разлика дали е јануари, февруари или јуни, секој во овој период кога се снашол да замине надвор од државата, си заминал“, нагласи Марина Ѓоргоска-директорка на ОУ Христо Узунов..

До пред 4-5 години во училиштето Христо Узунов учеле 1.280 ученици, а сега има 1.058, односно 222-ца помалку. Најмногу ученици во Охрид, in total 12, во оваа учебна година си заминале од основното училиште Братство и единство, каде има настава на македонски, албански и турски јазик./Алсат.мк