HomeNEWS / news

Kindergartens in Struga will remain without caregivers

From the 1st of February, the teachers and caregivers from the kindergartens in Struga, кои со години работат со договори на дело без здравствено и пензиско осигурување, најавија дека нема да одат на работа доколку не им се реши статусот. Струга ќе се соочи со проблем за згрижување на децата

Дваесеттина воспитувачки и негувателки од двете струшките градинки го кренаа гласот. Велат со години се ангажирани со договори на дело без здравствено и пензиско осигурување, for 10.000 denars per month.

Разочарани и револтирани бараат итно да им се реши статусот, да добијат редовно вработување, или минимална плата со здравствено осигурување, во спротивно од следниот месец во знак на протест нема да одат на работа, а градот ќе се соочи со проблем за згрижување на децата.

„Работиме со договор на дело, земаме до 10.000 MKD. Од први февруари ни кажаа дека платата ќе ни биде 5.000 day. Немаме никакво осигурување, ни здравствено. Овој проблем е со години ја известивме и општината, ги бараме нашите права, но немаме никаков успех“, вели Даниела Јуловска, негувателка ангажирана со договор во градинка Струга.

„Се пријавуваме во Завод како невработени што е бесмислено. Групите се многу големи, кај нас конкретно во јасли оваа година имаме по 28/29 деца што е навистина енормна бројка и капацитетот на вработените е намален. Кај нас треба да се зголемува, а не да работиме за смешни плати“, вели Весна Маркоски, воспитувачка ангажирана со договор на дело.

Поддршка добија и од редовно вработените колеги, кои велат одговорноста е голема, без ангажираните договорци нема да може да работат и двете градинки во Струга.

„Мојата група ќе остане без негувателка со 28 запишани деца треба да работам сама. А што со оние групи кои немаат ниту еден без решение тие треба всушност да се затворат и да ги вратиме децата од 1-ви февруари да не доаѓаат во градинка“, вели Симонка Јаканоска, редовно вработена во градинката пеперутка Струга.

Директорката на градинката Јулијана Ложанкоска во април минатата година поднела барање за вработување, но било одбиено од страна на Министерството за труд и социјала. Во неможност да го реши проблемот пред неколку денови директорката поднесе оставка.

Sonja Rilkovska – MRT