HomeNEWS / news

“The time of choches is over”- VMRO Struga with a reaction against SDSM

Reaction to the announcement of SDSM – Struga”

Not that SDSM – Струга со своите таксативни чкртаници во врска со прикажаната состојба низ фотографии на ОУ „Дедо Лазар Циркоски“ во Враништа заслужуваат коментар или некаква реакција, но еве прилика да ги потсетиме граѓаните на методите на владеење, лажење и манипулација од нивна страна и од страна на нивниот коалиционен партнер, кои силно гушнати сложно си владеат и ја уништуваат не само Струга туку и Република Македонија.

Напишале дека се гордеат со градежната офанзива. Тоа значи дека или живеат во паралелен универзум или не прават разлика помеѓу тековни работи и инфраструктурен проект. Кажете ни какви се тие очила со кои ги гледате придобивките од таквата „натчовечка борба“? Не е фер само вие да знаете како изгледа рајот на земјата, додека сите останати се соочуваме со струшката реплика на Дрезден после бомбардирањето.

Позицијата што ја имаат е резултат на нивните предизборни ветувања во кои најавуваа реконструкција на затворениот базен, дислокација на депонијата, квалитетна вода за пиење и што ли уште не. Можеби е време да си ги отворат предизборни програми за да се потсетат што сѐ ветувале, бидејќи од аспект на апсолутна власт не може вината да ја префлаат на некој друг. Неспособноста на нивните кадровски решенија да осмислат и реализираат проекти нема да може да ја припишат на некој друг, како што не е умесно да се китат со проекти на странски донатори (УНДП).

Оваа власт ќе биде запаметена по начинот на кој се справува со пандемијата со Ковид-19, т.е. со тоталната дезориентираност и на локално и на државно ниво. За тоа доволно кажуваат бројките на заразени и починати лица, кои неколку пати ги надминаа планирани предвидувања. Не сакаме да претпоставуваме до каде ќе се движат без содветна реакција и уште понеизвесна вакцинација. Несмасноста се отсликува и на највисоко институционално ниво, пред сѐ, мислиме на назначувањето на вицепремиер за корупција, кој според перцепцијата за корупција не донесе на 111 место во светот, а според индексот на демократија сме хибриден режим. Нормално е да се прашаме каде се стремимекон Европа или кон Африка?

Посебна приказна е нивното „блескање“ од кое се заслепени, та немаат никаква потреба од консултација со експертската јавност. За нив не постојат стручни и компетентни професионалци, ами само партиски послушници спремни да скокнат и во амбис следејќи го лидерот. На тој начин работат единствено на антимакедонската агенда и уништување на сѐ што е досега стекнато и востановено. Така се толкуваше фијаското на референдумот, така ги потпишаа договорите со Грција и Бугарија, така ги решаваат реформите во образованието, така се справуваат и со пандемијата. Смешни се сите обиди да се претстават како реформатори на судстворто, кое е подјармено на нивниот партиски вожд, реформатор, ослободител и, за малку, нобеловец. Ние сме за бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, таа борба треба да е праведна и според сите европски принципи и вредности, ама не е.

Уништувањето на македонската држава, загрозувањето на интересите на македонскиот народ и државните интереси е единствениот успешен проект кој го реализираа. Поуспешни се од секој друг можен непријател во разградувањето на сѐ што беше темел на Македонија создадена со АСНОМ, како круна на илинденскиот пат и остварувањето на вековните стремежи на македонскиот народ за своја држава. За нив нема ништо свето, не постојат вредности, ниту почит кон сите оние генерации кои ги дале своите животи за Македонија. За нив тоа е стока за продажба на кванташки пазари. Ние како граѓани на Струга имаме претходно искуство со нивните предавнички пракси. Никогаш нема да го заборавиме, ниту да го простиме Законот за територијалната организација на локалната самоуправа, кој насилно го донесоа. Исто како што нема да им биде заборавено и простено што со предавничките договори и закони го загрозија македонскиот национален идентитет, како и суверенитетот и независноста на Република Македонија, и за тоа ќе сносат одговорност.

Нема ден без гаф, без некој голем скандал или криминал. Нема ден во кој не се креатори на некоја нова несреќа за македонскиот народ и држава. Тие поинаку ниту умеат, ниту можат. Проѕрени се и после сите овие предавства и несреќи кои му ги нанесоа на македонскиот народ и сите граѓани во Македонија, ги чека одговорност и казна.

The time of choches is over!

ВМРО-ДПМНЕ ОК СТРУГА