HomeNEWS / news

The pool in Struga - a small part of the great failures and false promises of the government

For more than a decade one of the most pressing issues of urban life in Struga is what and how with the indoor pool. На базенот, како по правило, му се навраќаме во предизборните програми, но свен желбите и ветувањата за негова ревитализација и повторно враќање во функција, засега нема ништо.

            Најдалеку во своите мегаломански проекции отиде партјата на власт, која најавуваше санација и реконструкција. in 2017 година сите медиуми ја објавија веста со крајно утописки проекти за најкултното спортско збиралиште во градот, декорирана со воочлива еуфорија од страна на раководството на локалниот огранок на СДСМ, кое отиде дотаму што вети дека целиот проект ќе биде финализиран во 2020 year, кога практично базенот ќе биде пуштен во употреба. Денес наместо џагорот на стотина пливачи таму се слуша само ветерет што шиба од сите страни.

            По една цела година немање никакви активности во врска со нивното ветување, се огласи и Јован Митрески, паратеник од редовите на СДСМ Струга, кој испровоциран од чесните прашања на стружани на социјалните мрежиангажираше багер кој делумно ги расчисти трњето и тревите, и со кој не пропуштија прилика да се фотографираат неколкуте членови на СДСМ, кои попатно се офајдија со убави работни места без соодветни квалификации, па ја даде следнава изјава за еден локален медиум:

            „За реконструкција на струшкиот базен веќе е избран изведувач за градежните и машински работи, поминати се фазите за спроведување на јавна набавка, реконструкцијата започнува за брзо време согласно проценките на изведувачот според првичната проценка од стариот базен ќе остане само коритото, друго сѐ ќе се руши и гради од почеток.“

            Кажа, и како за сѐ останато излажа пратеникот Митрески. Цела година потоа до наредната пролет кога се подготвуваа и парламентарните избори воопшто не го ни спомнуваа овој проблем. Сѐ до моментот кога следеше уште една лажна офанзива, на божемно рушење на стариот базен, врз чии темели требаше да изникне нов. Изборите завршија, заврши и нивната лажна активност. Епилогот на таа градежна акција беше разрушени технички простории на стариот базен и оштетување на јужниот ѕид на спортската сала на ОУ „Браќа Миладиновци“, која пред само неколку години со судни маки беше реновирана по иницијатина на тогашниот директор на училиштето.

Сега ни е веќе јасно дека сета оваа фарса околу базенот е само едно големо лажно ветување на СДСМ. Сигурно и оваа пролет ќе ги интензивираат лажните активности бидеќи локалните избори се многу блиску, но веќе тоа не им поминува кај стружани. Одамна се прочитана книга која ќе биде назбрзо затворена и фрлена архивата на заборавот. Не поминуваат нити новите фикции кои ги заговараат на партиските состаноци, бидејќи и експертите за градба посочуваат дека на ваквата основа на базенот не може да се постави онаа инсталација со висока енергетска ефикаснот која ја промовираат цело време. Дури и ако се изгради базенот ќе биде крајно скап за одржување. Тоа беше причината поради која дојде и до негово затварање. На крај ќе го прашаме господинот Митрески кој упорно тврди дека кочница за реконструкција на базенот е обезбедување на соодветната документација и дозвола за градба, како е возможно за само две години од нивното доаѓање на власт да успеат да го сменат уставното име на државата, а не можат да средат документи за еден обичен 25 метарски базен?

SOURCE