HomeNEWS / news

The hearing of Ramiz Merko will "travel" to the court in Struga

Поднесениот обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба против струшкиот градоначалник, Ramiz Merko, од невладиниот сектор го сметаат како обид на институциите пред изборите да покажат дека нешто работат. The, Основното јавно обвинителство за гонење на оранизиран криминал и корупција реагираше дури девет месеци откако Мерко беше ставен на американската црна листа, односно цели 6 години откако беше купено скапото ауди и уште 4 други автомобили за 114.000 евра што се сега предмет на правен процес. Димитар Николовски од Центарот за европски стратегии ваквиот чекор го оценува како обид да се намали незадоволството од слабата борба против високата корупција изминативе години.

„…И во овој пример со Мерко, мислам дека се обидува пред изборите да се намали, да се амортизира тоа незадоволство и да се каже еве се постапува и по овие предмети, иако гледаме дека по многу други предмети не било постапувано…“, рече Димитар Николовски, Центар за европски стратегии Евротинк.

But, ниту овој обид за владеење на правото не оди мазно. The, Основниот кривичен суд Скопје денеска се прогласи за ненадлежен да постапува по него. Предметот ќе се префрли во Судот во Струга затоа што на тоа подрачје било извршено наводното кривично дело. Против Мерко во Основното јавно обвинителство Струга во моментов се активни десетина други постапки. Николовски вели дека судбината на овие постапки ќе зависи од нешто друго:

„Не очекувам дека обвинителството и судството ќе станат независни од политички притисоци и после изборите. Така што судбината на Мерко во голема мера зависи од политичките прилики после изборите“, додава Николовски.

Американскиот Стејт департмент лани летото го стави Мерко на Црната листа и го означи за персона нон-грата за влез во државата поради сомневања за корупција и мешање во судството.

By Miki Trajkovski – ALSAT