HomeLajme / Вести

Јавен Повик од ВМРО Струга

ЈАВЕН ПОВИК

За кандидирање на кандидати за претседатели на местни комитети при Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Согласно одлуката на Генералниот секретаријат на ВМРО ДПМНЕ се објавува Јавен оглас за кандидирање на кандидати за претседатели на сите местни комитети при Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Струга.

За учество на конкурсот кандидатите потребно е да достават пополнета апликација на електронската пошта (e-mail): ok-struga@vmro-dpmne.org.mk или во просториите
на општинскиот комитет.

Пријавувањето трае од 09.02.2021 (вторник) до 16.02.2021
(понеделник).

Образецот за апликацијата може да го превземете од следниот линк https://we.tl/t-wh08n4armr или во печатена форма во просториите на општинскиот комитет.

Услов за пријавување на јавниот повик е заинтересираниот кандидат да биде член на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за
развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на
кандидатите кои нема да бидат избрани. Изборот ќе биде направен низ фер и транспарентна постапка, согласно предвидените правила, процедури и одлуки на соодветните тела на партија.

ОК ВМРО ДПМНЕ Струга
ok-struga@vmro-dpmne.org.mk