Насловнавести / Вестиград / град

Филипче: Ќе се разреши директорот на струшката болница

Директорот на струшката болница, Мухамед Асани нема веќе да ја извршува функцијата која досега ја извршуваше и ќе биде назначен нов директор, истакна министерот Филипче на прес-конференцијата.

„Донесов одлука за формирање на нова комисија. Досегашниот директор на болницата во Струга, Мухамед Асани ќе биде разрешен. Во наредниот период ќе биде назначен нов директор“, - рече Филип.

Ваквата одлука следува откако пациенти го обвинија доктор Асани за лекарска грешка.