HomeLajme / Вести

Уапсени 44 годишен маж и еден малолетник

Соопштение од МВР

На 14.12.2023 околу 17.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад ги лишиле од слобода О.З(44) и еден малолетник, двајцата од Дебар поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 од Кривичниот законик – „криумчарење“ со жив добиток преку државна граница.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно докуметирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.