Насловнавести / Вести

Уапсени две лица во Струга

на 06.12.2022 околу 14.00 часот во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода О.Л.(40) од Охрид и Г.С.(43) од охридското село Долно Лакочереј. При преглед кај нив и во патничко возило, во кое биле, кај О.Л. била пронајдена и одземена марихуана, додека кај Г.С. биле пронајдени четири шишиња со течност. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.