вашиот откажување / вашата апликацијаНасловнавести / Вестиоколина / животната средина

Сафет Демиралиески: ДУИ и Рамиз Мерко асфалтираат непрофесионално еден месец пред избори, но 4 години уживаа трошејќи ги нашите пари

Почитувани дами и господа, драги пријатели и симпатизери на оваа коалиција!

Посебна чест и задоволство е да се стои тука пред вас, но и одговорност и обврска која ни ја давате. Јас сум човек од нараодот, кој целиот живот сум го поминал, тука делејќи ги сите моменти заедно со сите граѓани на Струга и струшко, а посебно со моите лабуништани. Моите родители ме учеа и воспитуваа на чесност искреност и живот без лаги. Согледувајќи ги состојбите кои исминативе години на владеење на ова структура во заминување исполнета со лаги и манипулација во секоја пора на животот е една од причините која ме натера да ја прифатам оваа од вас дадена обврска и одговорност.

Се случуваа многу работи кои не се во доменот на човечкото опстојување и нормално однесување и секојдневно излегуваат на површина нивните лоши намери олицетворени во корупција, поткуп екстравагантност, нефункцијонално трошење на нашите пари и претворање на партијата во семејна фирма. Граѓаните на оваа општина го перцепираа целото нивно владеење за овој период од три мандати и убеден сум дека со нивната остроумност знаат да одлучат за овие избори. Работејќи само месец дена пред избори со асфалтирање на некои улички и патчиња и тоа непрофесионално а сето друго време од 4 години уживаа трошејќи ги нашите пари ; без тронка совест и грижа мислат дека граѓаните во неоглед ќе им ја даваат подршката користејќи при тоа уцени, заплашување и многу други несечни начини само да доаѓат до глас повеќе. Од друга страна ние застануваме тука пред вас со искрени, чесни и чисти намери без да ветуваме нешто што не е остварливо но достоинствено и храбро во одбрана на вашите интереси и вашите желби за подобро утре.

Почитувајќи го секој граѓанин без разлика на неговата верска, национална и социјална категорија со целата своја одговорност и морален интегритет која ни ја давате, ветуваме дека ќе се бориме за да ги искоренеме корупцијата и митото, непрофесионалното работење , негрижата и неодговорноста, која беше главен синоним на луѓето кои до овој момент ја водеа општината. Ветуваме дека сите ние ќе бидеме сервис на вас граѓаните, вие ќе бидете тие кои ни ги кажуваат вашите потреби и приоритети, а ние само ќе го извршуваме тоа што е од ваш интерес. Затоа ве повикувам да на 17 октомври излезете што помасовно заокружувајќи го бројот 6; број кој води кон промена на подоброи; Број , кој е синоним на чисто, чесно професионално во секја свера од животот; број зад кој стоиме ние предводени од идниот Градоначалник на Општина Струга г-динот Идри Истрефи.

Да сте ни здрави и живи и да се радуваме на победи и успеси.

Ви Благодарам ! Фалеминдерит !