Насловнавести / Вестиград / градоколина / животната средина

“Ова не е лична битка на Идри Истрефи, туку е голема битка на стружани против една власт која тоне во корупција”

Почитувани стружани!
Дојде време да се oбединиме!
Време е да го повикаме секој граѓанин на Струга,
со или без партиска припадност, од Алијанса и Алтернатива, од Беса и ДПА, од ВМРО и СДСМ, од Либералите, Лево и ДПТ, од сите етнички, верски и јазични определби, од сите идеолошки определби и од која било група.

Ова не е лична битка на Идри Истрефи, туку е голема битка на стружани против една власт која тоне во корупција.

Струга им припаѓа на стружани и на секој граѓанин од секоја страна на земјата што неа ја посетува. Струга нема сопственик.

Ова е нашата голема коалиција, коалицијата за СТРУГА. Гласајте го бројот 6 и радувајте и се на победата!