Насловнавести / Вести

Менди Ќира и СКСЗМ: Алармантна ситуација, институциите да рефлектираат врз реалните проблеми

Во врска со последните политички настани и продлабочувањето на политичката криза во земјата, но и пошироко, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија како претставник на деловната заедница не може да биде индиферентна и да се крие како ништо да не се случува.

Комората реагира за последните недоволно промислени политички одлуки, кои директно го загрозуваат владењето на правото, без кое не можеме да зборуваме за функционирање на државата и можноста за водење бизнис.

Стопанаската Комора на Северо – Западна Македонија повикува за забрана на “политичките игри,, каде еден ден заменик министерот кажува едно нешто, а следниот ден министерот го кажува спротивното од тоа, затоа што ова однесување на Владата ќе води кон една уште потешка ситуација во функционирањето на бизнисот, како и целокупниот економски систем.

Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија не зборува за непосредни ефекти кои ќе произлезат од овој предолготраен политички неред, но на среден рок не само што може, туку и сигурно ќе носи со себе економска стагнација. Освен ова постојат големи шанси за започнување на циклусот на економскиот регрес во земјава. Комората мисли дека на оваа политичка криза можат да и претходат сценарија, кои никој не би ги посакал.

Со вакви политички ескалации секое можно рангирање за водење бизнис во Македонија не е валидно, затоа што не е доволно да бидеш 12-ти воВодење бизнис, кога сигналите за нефункционирањето на државните институци се повеќе од очигледни.

За крај како начин за придонес на разрешување на политичката криза како и враќање на начелата на владеењето на правото во Република Македонија, Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија го повикува Претседателот на државата во неодложно време да ја повлече одлуката за аболиција. Спротивно, сметаме дека неповлекувањето ќе направи преседан кој што ги руши сите демократски принципи во една држава.