Насловнавести / Вести

Кривична пријава за безправно градење

на 11.01.2023 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга до ОЈО Струга поднесе кривична пријава против Љ.Џ. (49) од Охрид и против правно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а од Кривичниот законик. Првопријавениот, во својство на управител и инвеститор во второпријавеното правно лице, во Струга, на локација во Враништа, во текот на 2022 година без одобрение за градење и спротивно на Законот за градење, изградил објект за депонија. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да го отстрани објектот.