вести / Вести

Коронавирусот во државата / Уште два оздравени пациенти од Струга

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-8, Прилеп-2, Струга-2, Велес-2, Гостивар-1 и Кратово-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79g), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 462 тест, и регистрирани 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 601, активен 134
• Куманово – 414, активен 44
• Дебар – 51, активен 0
• Штип-35, активен 1
• Прилеп –197, активен 65
• Тетово – 137, активен 74
• Струга – 69, активен 4
• Велес – 114, активен 48
• Битола –26, активен 7
• Охрид –18, активен 3
• Кавадарци – 5, активен 0
• Гостивар –19, активен 2
• Гевгелија – 4, активен 0
• Струмица – 2, активен 0
• Крива Паланка- 6, активен 2
• Радовиш – 4, активен 0
• Крушево – 3, активен 0
• Кочани – 31, активен 4
• Пробиштип – 2, активен 0
• Кичево – 2, активен 0
• Неготино -9, активен 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар - 1, активен 0
• Македонски Брод – 2, активен 0
• Пехчево- 3, активен 1
• Делчево-1, активен 0
• Валандово -1, активен 1
• Виница - 2, активен 0
• Кратово-2, активен 1
• Берово-1, активен 1

Изработени 462 теста се преку: IJZ –203, Ветеринарни ф-тет -16, Авицена -10, Биотек -35, Филип Втори (Жан Митрева) –94, Систина со PCR метода -4 и МАНУ -100. Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестови за киселина -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица на Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 6 пациенти, од кои 4 се префрлени од ГОБ „8 септември“, а една пациентка е префрлена од Клиниката за гинекологија. Во моментов вкупно се хоспитализирани 46. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На машина за респиратор 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.