вашиот откажување / вашата апликацијаНасловнавести / Вестиград / градоколина / животната средина

Кого чуваат надлежните? – “Кого чуваат надлежните”

Кого чуваат надлежните “Кого чуваат надлежните” Кого чуваат надлежните, палењето на трските од месец Март до пред летната туристичка сезона. Посебно во Март и Април, секоја година во последните 5 години, градот Струга се покрива од чад и пламен низ скоро цело крајбрежие. Се палат трски, трњни, отпад и слични нешта, а често знаеме случаи кога после палењето ќе никнува некоја барака, бетонски објект, нова плажа. Сосема нормално, нели?

Пожарите предиззвикуваат стотици, илјадници реакции од граѓаните. Остри реакции, кои остануваат само во Фејсбук. Толку.

Во Фејсбук остануваат и реакциите на надлежните институции. Тие што треба да го спречат овој феномен. Само апелираат по социјални мрежи и истрагите продолжваат да се во тек.

Дали знаете некој што е фатен, казнет или пак институционално предупредуван за предизвикување пожар? Секако дека НЕ! Никој не одговорал досега.

Полицијата и Обвинителството го имаат златното образложениеНЕПОЗНАТ СТОРИТЕЛ!

А општинатаНЕОДГОВОРНИ ГРАЃАНИ!

А кој се овие непознати и неодговорни, кои со години го прават истото ама сепак остануваат непознати и нечепкани. Сите ги знаеме! Ама кој ги штити?